Македонија

НОВ ЦЕНОВЕН УДАР ЗА ВОЗАЧИТЕ: Од утре се очекува ново поскапување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика на 20 јули треба да ги објави новите цени на горивата, а се очекува ново поскапување.

НОВ ЦЕНОВЕН УДАР ЗА ВОЗАЧИТЕ: Од утре се очекува ново поскапување на горивата

Возачите во Македонија се соочуваат со ново поскапување на горивата. Регулаторната комисија за енергетика во понеделник, 20 јули, треба да ја објави новата пресметка на максималните малопродажни цени на бензините и дизелот.

Иако конечната одлука сè уште не е донесена, движењата на меѓународните пазари укажуваат дека цените повторно ќе се зголемат. Премиерот Христијан Мицкоски, исто така, најавил дека ќе има поскапување, но точниот износ ќе биде познат по пресметката на РКЕ.

Колку чинат горивата во моментов?

Според актуелните цени, ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава по 87 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 по 89 денари, додека ЕУРОДИЗЕЛ чини 88 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство се продава по цена од 86 денари за литар. Овие цени се во сила од 14 јули.

Дизелот веќе поскапе за 5,5 денари

Со последната корекција дизелот поскапе за 5,5 денари за литар, бензините за 1,5 денар, а екстра лесното масло за 4,5 денари. Просечното зголемување на малопродажните цени изнесуваше 3,59 проценти.

Како главни причини за новото очекувано поскапување се посочуваат растот на цените на нафтата и готовите нафтени деривати на светските берзи, како и движењето на курсот на американскиот долар.

Точниот износ на зголемувањето ќе биде познат по објавувањето на официјалната одлука на Регулаторната комисија за енергетика.