Македонија

НОВА ВОЕНА ОПРЕМА ВО „ИЛИНДЕН“: Армијата добива радари, термални камери и транспортни возила

Нова воена опрема за Армијата беше презентирана во касарната „Илинден“, набавена со поддршка од ЕУ.

НОВА ВОЕНА ОПРЕМА ВО „ИЛИНДЕН“: Армијата добива радари, термални камери и транспортни возила

Поддршка од Европската Унија

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска беше најавена презентација на дел од новата опрема за Армијата, набавена со поддршка од Европската Унија преку Европскиот мировен фонд. На настанот присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, амбасадорот на ЕУ во земјава Михалис Рокас и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Освен презентација на опремата, предвидена е и показна вежба од припадниците на Армијата. Од Министерството за одбрана информираат дека станува збор за опрема набавена во рамки на соработката со Европската Унија.

Опрема вредна над 40 милиони евра

Според информациите, преку Европскиот мировен фонд е набавена опрема во вредност од над 40 милиони евра, поделена во три пакети. Во земјава веќе пристигнале опремата од првиот пакет и дел од опремата од вториот пакет. Станува збор за радари, термални камери, транспортни возила, симулатори, 3Д радар и преносни сензори. Во рамки на третиот пакет се очекува да пристигне опрема за логистика, комуникациски и пешадиски единици. Новата опрема треба да придонесе за модернизација на Армијата и зајакнување на нејзините капацитети во согласност со стандардите на НАТО и ЕУ.