Магазин

ОД 15 НОЕМВРИ ЗАБОЛЖИТЕЛНА ЗИМСКА ОПРЕМА: Казната за возачите е 45 евра

Од 15 ноември до 15 март задолжителна е зимска опрема во возилата. За непочитување на правилата се предвидени 45 евра казна и 25 негативни бодови.

ОД 15 НОЕМВРИ ЗАБОЛЖИТЕЛНА ЗИМСКА ОПРЕМА: Казната за возачите е 45 евра

Од 15 ноември 2026 година стапува во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе важи до 15 март 2027 година. Обврската се однесува на сите возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика дали има снег или не. За непочитување на правилата е предвидена глоба од 45 евра во денарска противвредност, како и 25 негативни бодови. Видот на задолжителната опрема зависи од тежината на возилото и типот на погонот.

Каква зимска опрема мора да имаат возилата?

За автомобилите со тежина до 3.500 килограми се задолжителни зимски гуми на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од четири милиметри. Како алтернатива, дозволени се летни гуми со иста длабочина на шарата, но возачите мора да имаат и синџири за снег за погонските тркала. Кај возилата со погон на четири тркала (4х4), зимските гуми треба да имаат шара од најмалку шест милиметри, додека за потешките возила важат посебни правила.

Обврската важи до 15 март

Зимски гуми се сметаат оние што имаат ознаки M+S, M&S или MS, како и симбол на снегулка на стилизирана планина со три врва. Автобусите и товарните возила кои поради технички причини не можат да постават синџири мора да имаат зимски гуми на погонските тркала и прирачен алат – лопата. Од надлежните институции апелираат возачите навреме да ги подготват возилата и да ја почитуваат законската обврска за побезбедно учество во сообраќајот во зимски услови.

ОЗНАКИ: ЗИМА