Економија
Дознај прв
ОД МАКЕДОНИЈА ДО КИНЕСКИТЕ ЧИТАТЕЛИ: Монографијата на Игор Радев објавена од престижен издавач
Научната монографија „Теорија на писмото“ од Игор Радев е објавена во Пекинг на кинески јазик и има повеќе од 350 страници.

Научната монографија „Теорија на писмото: типови, структура и промена“ од македонскиот автор Игор Радев неодамна е објавена во Пекинг. Според авторот, најверојатно станува збор за прво дело од македонски автор што е напишано на кинески јазик и објавено во Кина. Книгата има повеќе од 350 страници и е посветена на проучувањето на писмото, неговата структура, различните видови и развојот низ времето.
Објавена од реномирана кинеска издавачка куќа
Монографијата е објавена од познатата издавачка куќа за научна литература „Чжонгхуа шуџју“. Изданието е поддржано и од програмата за издаваштво на Центарот за меѓународна јазична соработка при Министерството за образование на Народна Република Кина. Објавувањето претставува значајно признание за авторот, но и можност македонската научна мисла да биде претставена пред кинеската академска јавност.
Нов пристап кон проучувањето на писмата
Во книгата е претставен нов концептуален пристап за разбирање на феноменот на писмото, заснован врз реинтерпретација на Аристотеловата теорија за четирите причини. Радев развива и повеќепараметарски модел за класифицирање на различните писма, како и теоретска рамка за објаснување на нивната структура и еволуција. Посебно внимание е посветено на формалните и функционалните карактеристики на пишаните знаци кај различни видови писма.
Извор – Антропол
