Македонија
Дознај прв
Огромниот пожар кај Градско ставен под контрола: Огнот беснеел 13 часа
Големиот пожар помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско бил изгаснат по 13 часа. Во акцијата учествувале пожарникари, авиони и хеликоптер.

Пожарот се заканувал на две села
Големиот пожар што вчера избувна во реонот на Клепа, помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско, бил целосно изгаснат доцна синоќа околу 22:20 часот. Огнот избувнал околу 9 часот наутро кај Долно Чичево, а поради силното ширење зафатил линија долга околу 10 километри. Постоела сериозна опасност пожарот да се прошири кон куќите во двете села, како и кон лозовите насади и овоштарниците.
Во гаснењето учествувале голем број екипи
Во акцијата учествувале пожарникари од Велес, Кавадарци и Неготино, доброволци, четири огнени тимови со возила, три „ер трактори“ и хеликоптер на МВР. Благодарение на брзата интервенција, огнот не се проширил до куќите, а биле спасени и земјоделските насади во атарите на двете села. Командирот на ТППЕ Велес, Димче Јованов, информирал дека теренот бил исклучително тежок, но пожарот бил целосно ликвидиран во текот на ноќта. Екипа на ТППЕ Велес и денеска ќе изврши дополнителна контрола на опожарениот терен.
