Македонија

55.000 ВАУЧЕРИ ЗА СТУДЕНТИТЕ И НОВА СТУДЕНТСКА КАРТИЧКА: Владата најавува дополнителни поволности и инвестиции во домовите

Владата најавува студентска картичка со 20 отсто попуст за дигитални услуги, реконструкција на домовите и 32 милиони евра за вработување млади.

55.000 ВАУЧЕРИ ЗА СТУДЕНТИТЕ И НОВА СТУДЕНТСКА КАРТИЧКА: Владата најавува дополнителни поволности и инвестиции во домовите

Со 55.000 ваучери во вредност од по 250 евра за набавка на електронски уреди, на студентите им беше овозможен полесен пристап до современа технологија и дигитални алатки. Паралелно се инвестира во подобрување на студентскиот стандард, а реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје беше пуштен во употреба во септември, со капацитет за 1.150 студенти. Во тек е и реконструкцијата на домот „Кузман Јосифовски-Питу“, инвестиција вредна околу 10 милиони евра.

Студентска картичка со 20 отсто попуст за дигитални услуги

Како следна мерка се најавува воведување специјална студентска картичка која ќе овозможи повеќе бенефиции, меѓу кои и 20 отсто пониски цени за дигиталните услуги достапни преку националната платформа М-услуги. Надлежните институции веќе работат на нејзиното воведување, за што ќе биде обезбедена и соодветна законска регулатива. Целта е студентите да добијат дополнителни поволности, покрај редовното усогласување на субвенционираниот студентски оброк со стапката на инфлација.

Реконструкција на домовите и 40 милиони евра за вработување

Реконструкцијата на „Кузман Јосифовски-Питу“ е дел од програмата за целосна обнова на девет студентски домови низ земјата, а капацитетот за 280 студенти се очекува да биде достапен од 1 февруари следната година. Паралелно започна и дигитализацијата на универзитетите, со воведување електронски индекс, како и практикантски ангажмани во единиците на локалната самоуправа. Во рамки на владините оперативни планови за вработување се издвојуваат 40 милиони евра за поддршка на повеќе од 10.000 лица, од кои 32 милиони евра се наменети за вработување на младите до 29 години.

Жан Митрев