Македонија
Дознај прв
ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ МЕСО, ЗА СТУДЕНТИТЕ КРОМИД: Герила акција во Скопје за студентскиот стандард

Со герила акција во Скопје, активисти ја покажаа разликата меѓу храната што можат да си ја дозволат студентите и повластените цени во собраниското бифе. Акцијата, наречена „Општествени контрасти“, ја организирала групата „Урбани уметнички акции“ на малиот сквер во близина на Трговскиот центар „Буњаковец“. На две различни маси биле поставени две менија – студентско и пратеничко. Студентската трпеза се состоела од леб, конзерва туна и кромид, со што активистите сакале да ја прикажат ограниченоста на дневниот износ од 140 денари за студентски оброк. Од другата страна била поставена пратеничката трпеза, со која се отвора прашањето за повластените цени во собраниското бифе.
Сепак, во меѓувреме Владата најави нов модел на субвенциониран студентски оброк, според кој месечната поддршка би се зголемила на 4.500 денари, од досегашните 3.500 денари. Предлогот предвидува и попусти од 20 до 25 проценти во маркети, пекарници и ресторани, а дневната поддршка би изнесувала 180 денари за 25 субвенционирани денови.
Прочитајте повеќе од веста во продолжение:

