Македонија
Дознај прв
ОПАСНОСТ ВО ЕЗЕРОТО „МЛАДОСТ“: Водата не смее да се користи за капење
Капењето во езерото „Младост“ кај Велес останува забрането поради присуство на цијанобактерии, алги и можни токсини во водата.

И покрај високите температури, капењето и рекреацијата во езерото „Младост“ кај Велес и понатаму се забранети. Последните анализи на Центарот за јавно здравје – Велес покажуваат дека водата не е безбедна за употреба додека не се потврди отсуство на цијанобактерии и цијанотоксини.
Забележани алги, пена и наслаги
При санитарно-хигиенскиот увид била забележана видлива пролиферација на алги, како и појава на пена и голема количина биомаса. Густи наслаги со жолто-кафеава боја покривале значителен дел од крајбрежјето на акумулацијата.
Забраната останува до нови анализи
Од Центарот за јавно здравје препорачуваат водата да не се користи за капење и рекреација. Забраната ќе остане во сила сè додека стручна институција не изврши дополнителни испитувања и не потврди дека во водата нема опасни цијанобактерии и токсини. Граѓаните се повикуваат да ја почитуваат препораката и да не го загрозуваат своето здравје.
