Македонија
Дознај прв
ОСУМ АКТИВНИ ПОЖАРИ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Најкритично е кај Водоча, Бонче и Желино
Во Македонија се активни осум пожари на отворен простор. Во изминатото деноноќие биле регистрирани 31 пожар, од кои 23 се изгаснати.

Пожарникарите и екипите на терен
Во Македонија во моментов се активни осум пожари на отворен простор, информираат надлежните служби. Екипите продолжуваат со ангажман на терен, а дел од жариштата се на тешко пристапни места и бараат дополнителни напори за нивно ставање под контрола. Најкритична е состојбата на потегот кај Водоча, каде што останало активно жариште. Активни пожари се регистрирани и во прилепскиот регион, Македонски Брод, Кичевско, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Желино.
31 пожар во изминатото деноноќие
Во изминатите 24 часа на територијата на државата биле регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор. Од нив, 23 биле изгаснати, додека осум останале активни и продолжиле да се следат и гасат. Надлежните служби апелираат до граѓаните на максимална внимателност, особено поради високите температури и сувото време, кои создаваат услови огнот брзо да се прошири.
