Свет
Дознај прв
(ВИДЕО) СРУШЕН СВЕТСКИОТ РЕКОРД ЗА НАЈВИСОК ПАДОБРАНСКИ СКОК: Сергеј Бојцов скокна од 11,5 километри над Русија
Рускиот парашутар Сергеј Бојцов постави светски рекорд со скок од 11.551 метар над Алтај. Во слободен пад достигна 501 км/ч.

Сергеј Бојцов имал две и пол минути слободен пад
Рускиот парашутар Сергеј Бојцов постави светски рекорд со скок од термоаеростат од височина од 11.551 метар над Алтај. Скокот го изведе на 22 август, а во слободен пад останал две и пол минути, при што достигнал максимална брзина од околу 501 километар на час. На височината од која скокнал температурата била околу -59 степени Целзиусови, поради што Бојцов користел специјална опрема за висински услови. Претходниот рекорд за скок од термоаеростат изнесувал 10.060 метри и бил во сопственост на полски екстремни спортисти.
Парашутот го отворил на 1.565 метри
Бојцов го отворил парашутот на височина од 1.565 метри, по што безбедно се приземјил во Уст-Калманскиот реон на Алтајскиот крај. Целиот лет на парашутарот траел околу седум минути и 19 секунди, додека во проектот биле вклучени околу 100 специјалисти, меѓу кои инженери, пилоти и технички експерти. Скокот бил изведен од специјално опремен термоаеростат со кој управувал Иван Мењајло, а покрај светскиот рекорд бил поставен и нов руски рекорд по височина на лет на термоаеростат.
