Магазин
Дознај прв
ОТКРИЕНА ПОСЛЕДНАТА ЖЕЛБА НА ВЛАДО ЈАНЕВСКИ: Последно збогум во облеката од „Макфест“
Последната желба на Владо Јаневски

Македонската музичка легенда Владо Јаневски денеска ќе биде погребан на гробиштата во Бутел, откако почина по кратко боледување на 66-годишна возраст. Според објавените информации, една од неговите последни желби била да биде погребан во парчињата облека што ги носеше на настапот на „Макфест“ во Штип, со брош на сакото. Јаневски на „Макфест“ настапи со „Чаирска романтика“ во 1993 година и го освои второто место, а една година подоцна победи со песната „Еден бакнеж“. Вчеравечер граѓани со солзи, песни и свеќи му оддадоа почит пред Арена „Борис Трајковски“ во Скопје. Неговото заминување предизвика голема тага кај јавноста и кај љубителите на македонската музика. Владо Јаневски зад себе остави песни кои ќе останат дел од музичката меморија на Македонија.
