Македонија
Дознај прв
(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Девојче брутално нападнато во скопски Аеродром – друштвото наместо да помогне, снима со мобилен!
Насилство врз девојче во Аеродром ја вознемири јавноста, откако малолетници го снимале инцидентот наместо да реагираат.

Девојче од седмо одделение било нападнато и понижувано од свои врснички во скопски Аеродром. Според информациите, додека траел инцидентот, повеќе малолетници снимале со мобилни телефони и не реагирале за да го спречат насилството. Вознемирувачките видеа брзо се прошириле на социјалните мрежи и предизвикаа силни реакции во јавноста. Полицијата постапува по допрен глас и работи на утврдување на идентитетот на лицата кои биле присутни и учествувале во случајот. Малолетници, заедно со родителите, веќе се повикуваат во полициските станици. Овој случај повторно покажува дека булингот и врсничкото насилство мора сериозно да се сфатат и навреме да се спречат.
Време е сите да реагираме – родители, наставници и ученици. Mолкот често им дава простор на насилниците.
Погледнете го видеото!
Видео: Роберто Навали
