Македонија

(ВИДЕО) Полицијата брзо го пронајде и уапси тетовецот кој фрлаше вреќи отпад во Пена

Отпад во реката Пена фрлал тетовец кој бил пронајден од полицијата по видео објавено на социјалните мрежи.

(ВИДЕО) Полицијата брзо го пронајде и уапси тетовецот кој фрлаше вреќи отпад во Пена

Тетовец е лишен од слобода откако, според полицијата, фрлал вреќи со отпад во реката Пена. Случајот бил откриен по видео објавено на социјалните мрежи, на кое се гледало како лице со автомобил фрла отпаден материјал во реката. Од СВР Тетово презеле мерки и го пронашле сторителот. Тој во службен разговор го признал делото, а за случајот е известен и јавен обвинител. Лицето се сомничи за кривично дело „загадување на животната средина и природата“, казниво по член 218 од Кривичниот законик. За ова дело е предвидена парична казна или затвор, во зависност од околностите и последиците од загадувањето.