Македонија

Партијата на министерот Иван Стоилковиќ го глорифицира Ратко Младиќ, јавноста со реакции

Партијата на министерот Иван Стоилковиќ го глорифицира Ратко Младиќ, јавноста со реакции
На Фејсбук страницата на Демократската партија на Србите, чиј претседател е министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ, се појави текст со кој се глорифицира Ратко Младиќ. Во објавата за неговата смрт се наведува дека Младиќ бил „војник, генерал и човек“ кој својот живот го ставил во служба на војската и народот на кој му припаѓал. Во текстот се додава дека многу Срби го гледале како свој генерал и дека така ќе го паметат, „не по Хаг“ и „не по ѕидовите на затворот“.
Младиќ беше осуден на доживотен затвор за воени злосторства, вклучително и за злосторствата поврзани со Сребреница. На објавата реагираше СДСМ, од каде што побараа одговор од премиерот Христијан Мицкоски дали станува збор за став на Владата или за личен став на неговиот министер. Од ДУИ, пак, ја прозваа Вреди и прашаа дали на партијата не ѝ пречи да биде во иста Влада со човек чија партија го велича Младиќ. ВМРО-ДПМНЕ засега без реакција.
Објавата дека Стоилковиќ го глорифицира Младиќ наиде на коментари на нашата Инстаграм страница. Погледнете.