Хроника

ПАТНИЧКИ БРОД СЕ ПРЕВРТЕ КАЈ КИПАР: На него имало 279 лица, во тек голема спасувачка акција

Патнички брод со 279 лица се преврте кај северниот дел на Кипар. Во тек е голема спасувачка операција со бродови и хеликоптери.

ПАТНИЧКИ БРОД СЕ ПРЕВРТЕ КАЈ КИПАР: На него имало 279 лица, во тек голема спасувачка акција

Патнички брод на компанијата „Filo Jet“, со 279 лица, се превртел кратко по испловувањето од пристаништето Ѓирне, на северот на Кипар.

Патниците се искачиле на превртениот брод

Несреќата се случила на околу два до три километри од брегот, а патниците се искачиле на трупот на превртеното пловило и ја чекале евакуацијата.

Во тек е голема спасувачка операција во која учествуваат бродови на крајбрежната стража, хеликоптери, приватни пловила и други бродови. На брегот се распоредени и возила на итната медицинска помош за да им помогнат на патниците по нивното извлекување.

Засега нема информации за жртви

Според досегашните информации, на бродот имало вкупно 279 лица, а турските медиуми известуваат дека дел од патниците можеби се повредени. Засега нема официјални информации за бројот на повредени, ниту за евентуални жртви.

ОЗНАКИ: Кипар