Македонија
Дознај прв
ПЕТ КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА ПРОНАЈДЕНИ ВО СКОПЈЕ: Уапсени татко и син

Полициски службеници денеска извршиле претрес во дом и други простории во Скопје, при што биле пронајдени пет килограми марихуана. Претресот бил спроведен кај С.Љ. (51) од Скопје, по наредба на Основниот кривичен суд Скопје.
Пронајдена и дигитална вага
Во акцијата учествувале полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје. Покрај марихуаната, била пронајдена и дигитална вага со остатоци од дрогата.
Следува кривична пријава
Од слобода биле лишени С.Љ. и неговиот 19-годишен син Б.Љ. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, по итна постапка.
