Македонија

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Сончево со локална облачност, температури до 28 степени

Денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и ветер, а температурите ќе достигнат до 28 степени.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Сончево со локална облачност, температури до 28 степени

Денеска, 25 јули, во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен во источните делови и долж Повардарието.

Температури до 28 степени

Утринските температури ќе се движат од 6 до 16 степени, додека дневните ќе достигнат од 22 до 28 степени. Најтопло се очекува да биде во централните и југоисточните делови од земјава, каде максималната температура ќе достигне 28 степени.

Сончево и во Скопје

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а температурата ќе се движи од околу 13 степени наутро до 28 степени во текот на денот.

ОЗНАКИ: МЕТЕО