Регион

(ВИДЕО) ДВА ЧАСА СЕ ЧЕКА ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА: Големи колони на „Богородица“

На граничниот премин Богородица се чека околу два часа за излез од Македонија, додека на Табановце задржувањето е околу 30 минути.

(ВИДЕО) ДВА ЧАСА СЕ ЧЕКА ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА: Големи колони на „Богородица“

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено и по претежно суви коловози, но е забележана зголемена фреквенција на возила надвор од градските средини. Најголем метеж има на граничниот премин „Богородица“, каде што за излез од Македонија и влез во Грција се чека околу два часа.

Половина час се чека на „Табановце“

На граничниот премин „Табановце“, времето на чекање за влез во Македонија изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Апел за внимателно возење

Од АМСМ им препорачуваат на возачите да ја приспособат брзината според условите на патот и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација. Посебно внимание е потребно на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите поради можната појава на одрони. Како почувствителни се посочуваат делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Граѓаните кои патуваат кон Грција треба да сметаат на подолго задржување и навреме да го испланираат патувањето.

Жан Митрев