Скопје

СКОПСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ГО ПОПРАВАА ЧАСОВНИКОТ НА Музејот на Град Скопје: Стрелката беше оштетена од невремето

Скопските пожарникари утрово го поправаа часовникот на Музејот на Град Скопје, чија минутна стрелка беше оштетена во силното невреме.

СКОПСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ГО ПОПРАВАА ЧАСОВНИКОТ НА Музејот на Град Скопје: Стрелката беше оштетена од невремето

СТАРАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА – Музејот на Град Скопје

Скопските пожарникари утрово интервенираа на објектот на Музејот на Град Скопје, каде што го поправаа часовникот оштетен во силното невреме што пред неколку дена го зафати главниот град. Пожарникарските екипи беа забележани во центарот на Скопје додека ги санираа преостанатите последици од невремето.

Оштетена минутната стрелка

Во невремето била оштетена едната стрелка на часовникот, односно стрелката што ги покажува минутите. Часовникот на некогашната Стара железничка станица е еден од најпрепознатливите симболи на Скопје и потсетник на катастрофалниот земјотрес од 1963 година.

Се санираат последиците од невремето

Силниот ветер предизвика оштетувања и на повеќе други важни објекти во градот и околината. Меѓу нив се објектите на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, комплексот „Вили Водно“, полициската база во Петровец и објектот на „Нова Македонија“. Последици биле регистрирани и на Меѓународниот аеродром Скопје, како и на Транзитниот центар „Табановце“. Значително бил оштетен и пливачкиот базен во рамки на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.