Македонија
Дознај прв
ПО 11 ГОДИНИ ЗАСТОЈ: продолжува изградбата на затворениот базен во Охрид
По речиси 11 години застој продолжува изградбата на затворениот базен во Охрид. За завршување на проектот се обезбедени 470 милиони денари.

По речиси 11 години застој, ќе продолжи изградбата на затворениот базен во Охрид. Владата на денешната седница ја усвои точката со која се овозможува продолжување и конечно завршување на капиталниот спортски проект, чија реализација започна во 2015 година. Од Владата информираат дека Министерството за спорт направило темелна анализа и ревизија на досегашната состојба на проектот. МАКФАКС
Утврдени технички и административни проблеми
Ревизијата ги опфатила техничките, финансиските и административните пречки поради кои проектот со години не можел да биде завршен. Како дел од мерките, било неопходно да се изврши измена на основниот проект, со што сега се создаваат услови градежните активности да продолжат. МАКФАКС
Обезбедени 470 милиони денари
За целосното завршување на затворениот базен во Охрид се обезбедени 470 милиони денари. По завршувањето, објектот треба да обезбеди современи услови за тренинг на спортистите, развој на младите категории и организирање спортски натпревари.
