Хроника

ПО КРАТКО БОЛЕДУВАЊЕ ПОЧИНА ВЛАДО ЈАНЕВСКИ: Македонија се простува од чаирскиот романтичар

По кратко боледување, вечерва почина популарниот музичар Владо Јаневски на свои 66 години. Македонската јавност се простува од чаирскиот романтичар.

ПО КРАТКО БОЛЕДУВАЊЕ ПОЧИНА ВЛАДО ЈАНЕВСКИ: Македонија се простува од чаирскиот романтичар

Почина Владо Јаневски на 66-годишна возраст

По кратко боледување, вечерва на една од скопските клиники почина македонскиот пејач и музичар Владо Јаневски, на 66-годишна возраст. Веста ја објави Канал 5, наведувајќи дека македонската јавност и регионот ќе го паметат по неговите незаборавни хитови. Јаневски со децении беше еден од најпрепознатливите гласови на македонската музичка сцена.

Зад себе остави голем музички белег

Владо Јаневски е роден на 27 ноември 1960 година во Скопје. Зад себе остави шест студиски албуми и голем број песни кои останаа дел од македонската музичка историја. Меѓу неговите најпознати хитови се „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“ и „Не зори зоро“. Тој беше и првиот официјален претставник на Република Македонија на Евровизија, со песната „Не зори зоро“ во Бирмингем во 1998 година.