Регион
Дознај прв
ПОЧИНА РАТКО МЛАДИЌ: Беше осуден за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства

Почина Ратко Младиќ, поранешниот командант на Главниот штаб на Армијата на Република Српска. Младиќ беше уапсен по 14 години криење под лажно име. Судењето во Хаг започна во мај 2012 година, а во ноември 2017 година беше прогласен за виновен по 10 од 11 точки од обвинението. Тогаш беше осуден на доживотен затвор.
Пресудата беше потврдена во 2021 година, по што стана конечна и правно обврзувачка. Тој беше прогласен за виновен за геноцид во Сребреница, злосторства против човештвото и воени злосторства, како и за тероризирање на цивилното население во Сараево и земање заложници. Погледнте каква дебата има во коментари на нашиот инстаграм профил.
View this post on Instagram
