Спорт
Дознај прв
ПОСТ МАЛОУН ЌЕ ГО ЗАТВОРИ МУНДИЈАЛОТ: Ѕвезден спектакл пред големото финале
Пост Малоун ќе биде главен изведувач на затворањето на Мундијалот, додека на церемонијата ќе учествуваат и Том Круз и Роби Вилијамс.

Американската музичка ѕвезда Пост Малоун ќе биде главен изведувач на церемонијата за затворање на Светското фудбалско првенство во 2026 година. Спектаклот ќе се одржи на 19 јули на стадионот во Њујорк – Њу Џерси, пред одигрувањето на големото финале. Неговиот настап е закажан 90 минути пред почетокот на натпреварот, а од ФИФА најавуваат глобална прослава што ќе ги спои спортот, музиката и различните култури.
Том Круз, Роби Вилијамс и Џенифер Хадсон дел од шоуто
На церемонијата ќе учествуваат и Том Круз, Џенифер Хадсон, Лаура Паузини, Никол Шерцингер, Роби Вилијамс и интернет-ѕвездата IShowSpeed. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, порача дека настапот на Пост Малоун треба да го прослави патувањето на турнирот и да ја загрее атмосферата непосредно пред излегувањето на финалистите на теренот.
Голем музички спектакл и на полувремето
Првпат во историјата на светските првенства ќе биде организирано и посебно шоу за време на полувремето од финалето. На него се најавени Џастин Бибер, Мадона, Шакира, BTS и Coldplay, а музичкиот спектакл треба да трае околу 11 минути. Поради поставувањето и отстранувањето на сцената, целата пауза меѓу двете полувремиња би можела да трае од 25 до 30 минути.
