Македонија
Дознај прв
ПОЖАР НАД СЕЛОТО ВРЖАЛЕ: Огнот се гаси од воздух поради непристапниот терен

Пожар избувнал над селото Вржале во скопскиот регион, а поради непристапниот терен гаснењето се врши и од воздух. Огнот зафаќа терен до кој е отежнат пристапот за противпожарните екипи. Поради тоа, во гаснењето е вклучена воздушна поддршка.
Екипите работат на локализирање и ставање под контрола на пожарот. Повеќе детали за пожарот и неговиот обем се очекуваат од надлежните институции.
