Македонија

ПОЖАРОТ ВО ЧАНИШТА СЕ ШИРИ: огнот се движи во четири крака, активно и на четири други локации

Пожарот кај Чаниште и натаму е активен и се движи во четири крака. Активни пожари има и во Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила.

ПОЖАРОТ ВО ЧАНИШТА СЕ ШИРИ: огнот се движи во четири крака, активно и на четири други локации

Крушевица ќе ја обезбедуваат дополнителни екипи

Пожарот кај прилепското село Чаниште и натаму е активен и се движи во четири крака, информираат од Центарот за управување со кризи. Огнот се движи кон селата Крушевица и Лопатица, еден крак е насочен кон Црна Река, а пожарот зафатил и правец кон селото Орле во Општина Новаци. Според информациите, претежно гори ниска вегетација, а во гаснењето се ангажирани противпожарни екипи од повеќе места и тимови на Дирекцијата за заштита и спасување. За обезбедување на Крушевица ќе пристигнат и дополнителни екипи од Неготино и скопската противпожарна бригада. Овој пожар, според ДЗС, е најголемиот регистриран на територијата на државата годинава.

Гори во Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила

Покрај пожарот кај Чаниште, активни се и огнените стихии на териториите на Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила. Кај Моране, Вртекица и Рамни Габер во Студеничани гори мешана шума, додека кај Македонски Брод огнот зафатил ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во Кичево, кај селото Тајмиште, гори високостеблеста букова шума, а кај селото Мојно во Општина Могила е зафатена ниска вегетација. Во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 37 пожари, од кои пет се активни, еден е ставен под контрола, а 31 се изгаснати.