Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ДОЖД И ГРМЕЖИ: Локално се очекува невреме со силен ветер и град

Денеска се очекува променливо облачно време со пороен дожд, грмежи, силен ветер над 60 километри на час и локална појава на град.

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ДОЖД И ГРМЕЖИ: Локално се очекува невреме со силен ветер и град

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а наместа ќе има услови за нестабилност. Во повеќе делови од земјава се очекуваат пороен дожд и грмежи. Локално, атмосферските процеси може да бидат поинтензивни и да преминат во краткотрајно невреме.

Ветер над 60 километри на час

Невремето на одредени места ќе биде проследено со силен западен ветер, чија брзина може да надмине 60 километри на час. Се очекуваат и електрични празнења, како и изолирана појава на град. Поради можноста за нагло влошување на времето, се препорачува зголемена внимателност на отворено и во сообраќајот.

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ – Дожд и грмежи и во Скопје

Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Локално се можни силен ветер, грмежи и појава на град.