Македонија

ЌЕРКАТА НА ГОЦЕ ТОДОРОВСКИ СО ЕМОТИВНО ЗБОГУВАЊЕ: „Сега со Ванчо сте тандем и на оној свет“

Ќерката Сашенка со емотивна објава се прости од својот татко Гоце Тодоровски и потсети на неговото пријателство со Ванчо Петрушевски.

ЌЕРКАТА НА ГОЦЕ ТОДОРОВСКИ СО ЕМОТИВНО ЗБОГУВАЊЕ: „Сега со Ванчо сте тандем и на оној свет“

Сашенка, ќерката на легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски, со емотивна објава се прости од својот татко, кој почина на 75-годишна возраст. Таа ја објави тажната вест во име на семејството Тодоровски, наведувајќи дека актерот водел голема борба и имал огромна желба за живот. Во објавата напиша дека неговото срце не издржало и дека лекарите направиле сè за да го спасат.

„Лесна ти земја, татко мој“

ќерката на гоце тодоровски

Скршена од болка, Сашенка порача дека заминувањето на нејзиниот татко ќе остане вечен непребол за семејството. Таа напиша дека телото било премногу истрошено, но дека душата не умира. Со зборовите „сега летај со ангелите“, ќерката му го упати последниот поздрав на актерот кој со своите улоги насмеа и одбележа повеќе генерации Македонци.

Повторно заедно со Ванчо Петрушевски

Во својата објава Сашенка се потсети и на силното пријателство меѓу Гоце Тодоровски и Ванчо Петрушевски. Таа напиша дека со заминувањето на Ванчо заминал и дел од нејзиниот татко, кој останал без својата „втора половина“. „Сега барем знам дека сте заедно, тандем на овој, па и на оној свет“, порача таа. Покрај ќерката Сашенка, Гоце Тодоровски зад себе го остави и синот Гоце.