Македонија

РУБИО СО ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА: САД остануваат силен партнер на Македонија

РУБИО СО ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА: САД остануваат силен партнер на Македонија

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати честитка по повод Денот на независноста на Македонија, потврдувајќи го значењето што Вашингтон го придава на партнерството меѓу двете земји.

Во пораката објавена од Стејт департментот се истакнува силното сојузништво меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, како и заедничката посветеност на безбедноста, стабилноста и просперитетот.

Честитката од Рубио доаѓа во период на засилена соработка меѓу Скопје и Вашингтон и дополнително ја потврдува стратешката важност на македонско-американските односи.

Веста во оригинал може да ја прочитате ТУКА.

Инаку, Рубио важи за еден од блиските соработници на тековната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Прочитајте повеќе:

МУЦУНСКИ НА КОНФЕРЕНЦИЈА СО РУБИО: Американскиот државен секретар најави пресметка со левичарските групи