Македонија
Дознај прв
(ФОТО) АЕРОДРОМОТ ВО ОХРИД ДОБИ НОВ ЛИК: Мозаиците и фреските го претворија во еден од најубавите аеродроми
Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид доби нов изглед со реплики на мозаиците од Плаошник и фреска од „Света Софија“.

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид по реконструкцијата доби нов и уникатен изглед, со кој посетителите уште при пристигнувањето се запознаваат со културното наследство на градот. Во просториите се поставени реплики на мозаиците пронајдени на Плаошник, како и реплика на фреска од катедралната црква „Света Софија“.
Богатството на Охрид пречекува уште на аеродром
Заменик-претседателот Александар Николоски истакна дека реконструкцијата има силна симболика и дека новото уредување го претвора аеродромот во своевиден мал музеј. Според него, мозаиците се реплики на оние што се наоѓаат во стариот дел на Охрид, особено на Плаошник и во Варош, додека фреската потсетува на богатото наследство на „Света Софија“. Целта е патниците веднаш по пристигнувањето да ги почувствуваат убавините и културното наследство на Македонија.
Инвестиција од 2,7 милиони евра
Во модернизацијата на охридскиот аеродром „ТАВ Македонија“ инвестирала 2,7 милиони евра. Реконструиран е патничкиот терминал, зголемен е бројот на шалтери, проширен е чек-ин просторот и се модернизирани зоните за безбедносна контрола и рачен багаж. Дополнително, реорганизиран е паркингот и поставена е современа опрема за побезбедно и поефикасно опслужување на патниците.
View this post on Instagram
