Македонија
Дознај прв
(ВО ЖИВО) „СИЛНО СВЕТНАЛ ДЕН“: Македонија со свеченост одбележува 35 години независност
Македонија денеска со централна свеченост под мотото „Силно светнал ден“ одбележува 35 години од независноста.

Пред Владата во Скопје се одржува централната свеченост по повод 35-годишнината од независноста на Македонија, под мотото „Силно светнал ден“.
„СИЛНО СВЕТНАЛ ДЕН“
На манифестацијата присуствуваат бројни гости и граѓани, а во рамки на одбележувањето е подготвена пригодна програма посветена на значајниот државен празник. Централниот настан е дел од чествувањата со кои се одбележува 8 Септември – Денот на независноста.
Мицкоски со обраќање
На свеченоста свое обраќање ќе има премиерот Христијан Мицкоски, кој ќе зборува по повод 35 години од осамостојувањето на државата. Годишнината се одбележува низ повеќе настани и активности низ земјата, со потсетување на патот изминат од прогласувањето на независноста.
