Регион

СЕЌАВАЊЕ НА СРЕБРЕНИЦА: 31 година од геноцидот што светот не смее да го заборави

Сребреница геноцид се одбележува 31 година по трагедијата во која беа убиени повеќе од 8.000 бошњачки мажи и момчиња.

СЕЌАВАЊЕ НА СРЕБРЕНИЦА: 31 година од геноцидот што светот не смее да го заборави

Денес се одбележуваат 31 година од геноцидот во Сребреница, еден од најтрагичните настани во поновата европска историја. Во јули 1995 година, по падот на Сребреница, беа убиени повеќе од 8.000 бошњачки мажи и момчиња. Настанот останува длабока рана за Босна и Херцеговина, регионот и цела Европа. Секоја година, на 11 јули, семејствата на жртвите, преживеаните и бројни делегации оддаваат почит во Меморијалниот центар Поточари.

 

Сребреница е потсетник дека омразата, молкот и неказнивоста можат да доведат до трагедии со несогледливи последици. Затоа, сеќавањето не е само обврска кон жртвите, туку и порака до идните генерации никогаш да не се повтори.