Хроника
Дознај прв
ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНО ВО ТЕТОВО: Таткото го прегазил додека возел наназад
Шестгодишно дете е тешко повредено во Тетово откако татко му, движејќи се наназад со автомобил, го прегазил со задното тркало.

Шестгодишно дете се здобило со тешки повреди во сообраќајна несреќа што вчераутро се случила на улицата „Киро Ристевски Дрнц“ во Тетово. Од СВР Тетово информираат дека детето било донесено во Ургентниот центар, по што поради сериозноста на повредите итно било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Несреќата се случила околу 08:30 часот, кога 42-годишниот В.С. од Тетово управувал со автомобил „Фолксваген Туарег“ без регистарски ознаки.
Детето прегазено со задното тркало на возиолото
Според досегашните полициски информации, возачот се движел наназад кога со задното тркало го прегазил својот шестгодишен син. Случајот бил пријавен во 09:50 часот од Ургентниот центар во Тетово, откако детето било донесено на лекување со сериозни повреди.
Полицијата од Тетово ги утврдува околностите
На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Тетово. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со несреќата.
