Регион
Дознај прв
Силен земјотрес од 4,1 степени ја потресе Албанија: Почувствуван и во Македонија
Земјотрес со јачина од 4,1 степен утрово ја потресе Албанија во близина на Преспа, а потресот бил почувствуван и во Македонија.

Епицентарот во близина на Преспа
Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 5:40 часот во Албанија. Според Сеизмолошкиот институт на Србија, епицентарот бил во близина на Националниот парк Преспа, на тромеѓето меѓу Албанија, Македонија и Грција. Земјотресот бил регистриран и од сеизмолошките институции во Тирана и Грција.
Земјотрес почувствуван и во Македонија
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил почувствуван во Северна Македонија, Грција и Србија, покрај Албанија. Граѓани во регионот на социјалните мрежи и на страницата на EMSC опишуваат дека потресот бил силен и траел подолго време. Засега нема пријави за повредени лица или материјална штета.
