Македонија
Дознај прв
СКОРО 100 КМ/Ч НАД ДОЗВОЛЕНОТО: Тетовец приведен по дивеење на патот Гостивар – Тетово
Возел 177 км/ч кај Боговиње на делница со дозволени 80 км/ч, по што тетовец бил приведен од полицијата.

Фатен со речиси 100 км/ч над дозволеното
Возач од Тетово бил лишен од слобода откако полицијата го фатила како вози со брзина од 177 километри на час на делница каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час. Случајот бил евидентиран вчера околу 18 часот на патниот правец Гостивар – Тетово, кај клучката Боговиње. Брзината ја измериле полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот со специјално возило „пресретнувач“. Според МВР, по насоки на јавен обвинител, приведен е 47-годишниот К.Б. од Тетово, кој управувал патничко возило „Шкода“ со тетовски регистарски ознаки.
Ќе одговара за безобѕирно управување
Против возачот ќе бидат преземени законски мерки и тој ќе одговара согласно член 297-а од Кривичниот законик, кој се однесува на безобѕирно управување со моторно возило. Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на територијата на целата држава. Целта, како што велат, е санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на сите учесници во сообраќајот. Полицијата апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, бидејќи ваквото возење претставува сериозен ризик за животот на сите на патиштата.
