Спорт

„СО МАИЧКА ГРОБАРИ НЕ СЕ ПОЈАВУВАЈТЕ ВО БИТОЛА“: Наводно нападнати фанови на Партизан по натпреварот со Пелистер

„СО МАИЧКА ГРОБАРИ НЕ СЕ ПОЈАВУВАЈТЕ ВО БИТОЛА“: Наводно нападнати фанови на Партизан по натпреварот со Пелистер

По вчерашниот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и Партизан во Битола, на социјалните мрежи и навивачките форуми се појавија информации за инцидент во кој, наводно, биле нападнати навивачи на Партизан.

Според шпекулациите што кружат во Битола, а за нив се зборува и по форуми на кои пишуваат навивачи, станувало збор за лица кои биле во салата и носеле маички со обележја на Партизан и навивачката група „Гробари“. Навивачките групи „Чкембари“ и „Гробари“ официјално НЕ присуствуваа на натпреварот, но на трибините сепак имало симпатизери на двата клуба. Така настрадале фанови на Партизан од Македонија. Информациите за наводниот инцидент засега не се официјално потврдени од надлежните институции.

Натпреварот заврши со победа на Еурофарм Пелистер од 35:31, а капитенот Филип Кузмановски постигна неверојатни 15 гола.