Македонија
Дознај прв
СОНЧЕВО, НО СО ЗАСИЛЕН ВЕТЕР: Во делови од Македонија температури до 35 степени
Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и засилен северен ветер. Температурите ќе достигнат до 35 степени, а во Скопје до 33.

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер претежно од северен правец.
До 50 километри на час долж Повардарието
Според прогнозата, долж Повардарието ветерот на моменти ќе достигнува брзина до 50 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 10 до 15 степени, додека дневните ќе достигнат од 27 до 35 степени.
Најтопло се очекува да биде во југоисточните делови од земјата, каде максималната температура ќе се искачи до 35 степени.
Во Скопје до 33 степени
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од околу 12 степени наутро до 33 степени во текот на денот.
