Свет
Дознај прв
СРПСКИ ДРЖАВЈАНИН ОБВИНЕТ ДЕКА СЕ БОРЕЛ НА РУСКА СТРАНА ВО УКРАИНА: Му се заканува затворска казна
Српскиот државјанин Милош Н. е обвинет дека од 2024 до 2025 година се борел во Украина како припадник на руските вооружени сили.

Вишото јавно обвинителство во Белград поднело обвинение против 40-годишниот Милош Н. поради сомнение дека учествувал во војната во Украина како припадник на руските вооружени сили. Според обвинението, тој од септември 2024 до ноември 2025 година престојувал во Украина и бил дел од руска воена формација.
Потпишал договор со руското Министерство за одбрана
Според наводите на обвинителството, Милош Н. самостојно отпатувал во Москва, каде потпишал договор со руското Министерство за одбрана за 12-месечен ангажман во руските вооружени сили. За ангажманот добивал месечна плата, а потоа поминал тактичка обука и добил униформа, ознаки и огнено оружје.
Испратен на фронтот во Запорожје
По завршувањето на обуката, тој бил испратен во Запорошката област, каде според обвинението добивал и извршувал наредби од своите претпоставени. Во еден момент бил ранет во подлактицата при напад со дронови од украинска страна, по што се вратил во Москва и ја раздолжил воената опрема и оружјето.
