Регион

АЛБАНЦИТЕ НАЈБРОЈНИ СТРАНЦИ ВО БРИТАНСКИТЕ ЗАТВОРИ – 940 до сега

Околу 940 Албанци се во британските затвори, а иако договорот предвидувал трансфер на 200 лица во Албанија, за три години биле префрлени само 13.

АЛБАНЦИТЕ НАЈБРОЈНИ СТРАНЦИ ВО БРИТАНСКИТЕ ЗАТВОРИ – 940 до сега

Албанските државјани во последните седум години биле најбројни меѓу странските затвореници во британските затвори, а во моментов таму се наоѓаат околу 940 Албанци. Според британскиот „Сан“, голем дел од нив се осудени за кривични дела поврзани со продажба на кокаин или одгледување канабис. Велика Британија и Албанија имаат договор вреден 8 милиони фунти за трансфер на затвореници, но реализацијата значително заостанува.

Наместо 200, префрлени само 13 затвореници

Договорот предвидувал 200 албански затвореници да бидат префрлени во Албанија, каде би ги доиздржувале затворските казни. Сепак, во последните три години биле префрлени само 13 лица, што е далеку под планираниот број. Британските власти сакаат процесот да се забрза, меѓу другото и поради високите трошоци за издржување на затворениците.

Еден затвореник ја чини Британија 56.000 фунти годишно

Како причина за бавната реализација се наведуваат доцнењата во албанските судови, кои треба да ги признаат пресудите донесени од британските судови за затворениците опфатени со трансферот. Според податоците објавени во британските медиуми, еден затвореник ја чини Велика Британија околу 56.000 фунти годишно. Тоа дополнително го зголемува притисокот врз властите да го забрзаат трансферот на осудените лица во Албанија.