Магазин
Дознај прв
СТЕ СТАВИЛЕ ПОГРЕШНО ГОРИВО В АВТОМОБИЛОТ? Еве што треба веднаш да направите
Сте ставиле бензин во дизел автомобил или обратно? Не го стартувајте моторот и следете ги овие чекори за да избегнете сериозни оштетувања.

Не го стартувајте моторот
Ставањето погрешно гориво во резервоарот може да предизвика сериозни проблеми, особено ако автомобилот се стартува пред грешката да биде забележана. Ако наместо бензин сте ставиле дизел или обратно, најважно е да не го вклучувате моторот и да не го ставате контактот непотребно. Со стартување на моторот, погрешното гориво може да почне да циркулира низ системот и да предизвика дополнителни оштетувања. Во таков случај, автомобилот треба да се остави на безбедно место и да се повика сервис или служба за извлекување на горивото.
Што ако веќе сте го стартувале автомобилот?
Доколку автомобилот веќе е стартуван и сте се оддалечиле од бензинската пумпа, потребно е што поскоро да го изгаснете моторот и да побарате стручна помош. Механичарот може да го испразни резервоарот и системот за гориво, а потоа да изврши проверка дали се направени оштетувања. Симптомите како губење сила, необичен звук, чад или гасење на моторот не треба да се игнорираат. Колку побрзо се реагира по грешката, толку е поголема можноста да се избегнат посериозни и поскапи дефекти.
