Регион
Дознај прв
ВЕДРАНА РУДАН ПРЕД СМРТТА: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб
Ведрана Рудан почина на 77 години. Пред смртта отворено пишуваше за болеста, семејниот конфликт, имотот и својот погреб.

Отворено пишуваше за последните месеци од животот
Хрватската писателка Ведрана Рудан почина на 77-годишна возраст по долго и тешко боледување, оставајќи зад себе бројни колумни во кои без влакна на јазикот зборуваше за животот, семејството и смртта. Во една од последните колумни, таа отворено пишуваше за својата болест, откако лекарите во Загреб ѝ кажале дека ѝ остануваат уште три месеци живот. Рудан раскажала дека токму сознанието за ограниченото време ја натерало да размислува за тоа кого сака да има покрај себе и кому ќе му остави дел од својот имот.
ПОЧИНА ВЕДРАНА РУДАН: познатата писателка ја загуби битката со ракот на жолчните канали
Се скарала со синот поради имотот
Во колумната таа открива дека дошло до жесток конфликт со синот околу семејната куќа, откако тој побарал таа да биде поделена поинаку, имајќи предвид дека неговото семејство има три деца, додека сестра му нема деца и има сопствен стан. Ведрана Рудан била категорична дека нема да му остави ниту дел од куќата, а отишла и чекор подалеку, велејќи дека не сака тој ниту неговите деца да присуствуваат на нејзиниот погреб. Подоцна, како што пишува, дознала и за семејна тајна која дополнително ја потресла и го променила нејзиниот поглед кон најблиските.
