Свет

ТАНКЕР ПОГОДЕН ВО Ормускиот Теснец – Непознат проектил го оштетил моторот

Танкер е погоден со непознат проектил во Ормускиот Теснец, во близина на Оман. Оштетен е моторот, но нема повредени и еколошка штета.

ТАНКЕР ПОГОДЕН ВО Ормускиот Теснец – Непознат проектил го оштетил моторот

Танкер бил погоден од „непознат проектил“ додека пловел низ Ормускиот Теснец, во близина на брегот на Оман. Информацијата ја соопшти британската Агенција за поморски трговски операции – УКМТО. Во инцидентот бил оштетен моторот на бродот, но нема повредени членови на екипажот.

Нема еколошка штета

Според првичните информации, по ударот не била предизвикана еколошка штета. Инцидентот се случил на околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима. Засега не е познато од каде бил испукан проектилот и кој стои зад нападот.

Иран им препорачува друга рута на бродовите

Иран повторно побарал бродовите да ја користат рутата низ Ормускиот Теснец која минува покрај неговиот брег. Техеран тврди дека единствено рутата одредена од иранските власти е безбедна за пловидба. Инцидентот дополнително ја зголемува загриженоста за безбедноста на трговските бродови во овој стратешки важен морски премин.