Свет

ТЕНЗИИТЕ ОКОЛУ ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ РАСТАТ: Трамп му даде „последна шанса“ на Иран за договор

Трамп му даде последна шанса на Иран за договор околу Ормускиот теснец и нуклеарната програма, додека Техеран се закани со напади врз американски бродови.

ТЕНЗИИТЕ ОКОЛУ ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ РАСТАТ: Трамп му даде „последна шанса“ на Иран за договор

Вашингтон бара отворање на теснецот и денуклеаризација

Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон иранското раководство, откако Техеран ги демантираше неговите тврдења дека преговорите меѓу двете страни продолжуваат. Трамп порача дека ова е „последната шанса“ Иран да постигне договор и да избегне дополнителна ескалација. Според него, првата фаза од разговорите се однесува на отворањето на Ормускиот теснец, додека втората треба да биде денуклеаризацијата на Иран. Американскиот претседател тврди дека разговорите се во тек, иако иранските власти јавно не го признаваат тоа.

Иран се закани дека ќе гаѓа американски воени бродови

Иран, од друга страна, соопшти дека преговара со Оман за обезбедување безбедна рута за пловидба, но не и за целосно отворање на теснецот. Генералот Мохсен Резаи предупреди дека Техеран нема да дозволи воспоставување втор коридор и се закани дека иранските сили ќе гаѓаат американски воени бродови доколку се обидат да наметнат поинаква рута. Ормускиот теснец и иранската нуклеарна програма остануваат главни точки на спор меѓу Вашингтон и Техеран. Во меѓувреме, пријавено е дека уште еден танкер бил погоден во теснецот, што дополнително ја зголеми загриженоста од поширока ескалација.