Хроника
Дознај прв
НОВ СЛУЧАЈ НА ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА: Тројца пациенти се во критична состојба
Нов 76-годишен пациент е хоспитализиран со сомнение за западнонилска треска, додека тројца заболени се во критична состојба и на механичка вентилација.

Хоспитализиран 76-годишен пациент
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести е хоспитализиран уште еден 76-годишен пациент со позитивна серологија за вирусот Западен Нил. Кај пациентот е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, а за утврдување на невроинвазивната форма на болеста ќе бидат направени дополнителни испитувања. Со најновиот случај, седум пациенти се водат како клинички сомнителни, додека кај десет лица е потврдена западнонилска треска. Сите пациенти се од Скопје.
Тројца пациенти се на механичка вентилација
Тројца од заболените се во критична состојба, сместени се на Одделот за интензивна нега и се приклучени на механичка вентилација. Нивната здравствена состојба засега останува непроменета. Директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана, посочи дека најризични се лицата постари од 60 години, хронично болните и луѓето со ослабен имунитет. Кај околу 80 проценти од заразените, болеста поминува без симптоми или со полесна клиничка слика.

