Хроника

Тешка сообраќајка во Гостивар: Седум лица повредени, петмина со тешки повреди

Седум лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа во Гостивар. Петмина се здобиле со тешки телесни повреди и се пренесени на лекување во Скопје.

Тешка сообраќајка во Гостивар: Седум лица повредени, петмина со тешки повреди

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила во населбата Млаки во Гостивар, повредени се седум лица, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, несреќата била пријавена во ОВР Гостивар на 6 јули во 23:10 часот. Во судирот учествувале патничко возило „цитроен берлинго“, управувано од 59-годишен гостиварец, и автомобил „сеат леон“, зад чиј волан бил 70-годишен жител на Гостивар.

Со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, како и тројца сопатници на возраст од 45, 60 и 64 години. Поради сериозноста на повредите, тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Дополнително, уште двајца сопатници, на возраст од 54 и 59 години, се здобиле со полесни телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.

На местото на несреќата увид извршила екипа на ОВР Гостивар, а причините за сообраќајката се утврдуваат.