Македонија
Дознај прв
УЧИЛИШНА КОШНИЧКА СО ПОПУСТ ДО 15%: Министерството за економија предлага мерка за пониски трошоци
Министерството за економија предлага училишна кошничка со попуст до 15% за намалување на трошоците пред новата учебна година.

Министерството за економија и труд предлага воведување „училишна кошничка“ со попуст до 15 отсто, со цел да им се олеснат трошоците на родителите пред почетокот на новата учебна година. Мерката е предвидена за училишен прибор, а кошничките ќе се разликуваат во зависност од изборот, квалитетот и брендот на производите.
Кошничките ќе бидат јасно означени
Според предлогот, кошничките ќе бидат поставени на видно место во продажните објекти, со јасно наведени производи и цени. Попустот ќе се пресметува директно на каса и ќе биде прикажан на фискалната сметка. Од Министерството посочуваат дека за мерката биле консултирани трговците на големо и мало кои продаваат училиштен прибор.
Предлогот треба да го разгледа Владата
Нацрт-одлуката е доставена до Владата, која треба да одлучи за нејзиното усвојување и понатамошно спроведување. Целта е родителите навреме да имаат можност да ги набават потребните производи по пониски цени и полесно да ги планираат трошоците за новата учебна година.
