Македонија
Дознај прв
УТРЕ ДО 39 СТЕПЕНИ: Сончево и топло, попладне локален дожд и грмежи
Утре ќе биде сончево и многу топло, со температури до 39 степени. Попладне локално се очекуваат пороен дожд и грмежи.

Времето утре, 17 јули, ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови на одделни места ќе има услови за локален дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 12 до 21 степен, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 31 до 39 степени.
Во Скопје температура до 38 степени
Во Скопје се очекува претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а попладне во делови од котлината е можна изолирана нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20 степени, додека максималната ќе достигне околу 38 степени.
Многу топло и во текот на викендот
До понеделник ќе преовладува сончево и многу топло време, со дневни температури над 31 степен во целата земја. Особено топло ќе биде утре и во деновите од викендот, додека во вторник се очекува промена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. За Скопскиот Регион е издадено жолто предупредување поради екстремно високите температури.
