Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) СРАМЕН ВОКАБУЛАР НА ПРАТЕНИЧКА ПЕТКОВСКА: Колешката Јована Треческа скокаше како кокошка
Пратеничката Лидија Петкоска ја нарече Јованка Тренчевска „кокошка“, само неколку дена по усвојувањето на новиот етички кодекс.

Само неколку дена по усвојувањето на новиот Кодекс за етичко однесување на пратениците, во Собранието повторно се слушнаа навреди и лични дисквалификации. За време на комисиска расправа, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска ја нарече својата колешка од СДСМ, Јованка Тренчевска, „кокошка“. Изјавата веднаш предизвика реакции, осуди и барања за извинување и почитување на правилата што неодамна ги поддржаа пратениците.
Кодекс предвидува почит и достоинствен говор
Новиот етички кодекс предвидува пратениците да се однесуваат со внимание и почит кон личноста и угледот на секој поединец. Во него се наведува дека слободата на изразувањето не смее да се злоупотребува за навреди, омаловажување, нетолеранција или говор што може да предизвика омраза. Сепак, најновиот инцидент повторно го отвори прашањето дали усвоените правила ќе се применуваат во практика или ќе останат само формална обврска.
