Спорт

ВАРДАР ПАДНА НА ДОМАШЕН ТЕРЕН: Рига славеше со 3:2

Вардар загуби од Рига со 2:3 на арената „Тодор Проески“ во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига.

ВАРДАР ПАДНА НА ДОМАШЕН ТЕРЕН: Рига славеше со 3:2

Вардар загуби од Рига со 2:3 на арената „Тодор Проески“ во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига. „Црвено-црните“ поведоа во 28. минута со голот на Кастанеда, но гостите направија пресврт преку Гало и Сигуеира. Герсон Родригес во 66. минута погоди за израмнување на 2:2. Вардар потоа имаше можности и за целосен пресврт, но не ги искористи. Казната пристигна во 81. минута, кога Сигуеира го постигна својот втор гол за конечни 2:3. Македонскиот шампион сега го очекува тешка задача на реваншот во Летонија.

ОЗНАКИ: фк вардар