Спорт
Дознај прв
МЗТ СКОПЈЕ ЈА ДОБИ ГРУПАТА ВО АБА2: „Штрковите“ ќе се борат на три фронта во новата сезона
МЗТ Скопје во новата сезона ќе настапува во АБА2 лигата, ФИБА Еврокупот и домашната Суперлига, а регионалната авантура ја почнува на крајот од септември.

Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром полека го комплетира мозаикот за новата, историска сезона. По подолг период, македонскиот шампион ќе настапува на три различни фронта – во АБА2 лигата, ФИБА Еврокупот и домашната Суперлига. Од клубот информираа дека веќе го добиле првиот распоред, оној за регионалното натпреварување.
Ривали од Словенија, Србија и Црна Гора
АБА2 лигата повторно ќе се игра по систем со четири групи. Првопласираните екипи од секоја група директно ќе обезбедат место во плејофот, додека второ- и третопласираните ќе мора да минат низ плејин-фазата. Ждрепката му донесе на МЗТ Скопје противници од Словенија, Србија и Црна Гора. „Штрковите“ својата нова регионална авантура ќе ја започнат на крајот од септември.
Се комплетира ростерот за историската сезона
Во МЗТ Скопје во следниот период ги очекуваат и распоредите за настапите во ФИБА Еврокупот и домашната Суперлига. Паралелно со организациските подготовки, раководството интензивно работи и на комплетирањето на играчкиот ростер. Целта е да се изгради конкурентен тим кој достојно ќе ги претставува клубот и македонската кошарка во сите три натпреварувања. Од Аеродром испратија и јасна порака до навивачите: „Сите во сала!“

