Спорт
Дознај прв
РЕКОРДНА ПРОДАЖБА: Франција продаде 172.000 дресови за време на Мундијалот
Франција продаде рекордни 172.000 дресови за време на Светското првенство 2026, а најбаран бил дресот на капитенот Килијан Мбапе.

Фудбалската репрезентација на Франција постави рекорд во продажбата на дресови за време на Светското првенство во 2026 година. Официјалниот продавач „Интерспорт“ соопшти дека за време на турнирот биле продадени дури 172.000 француски дресови, што претставува раст од 134,3 проценти во споредба со Мундијалот во Катар во 2022 година.
Најбаран бил дресот на Мбапе
Најголема побарувачка имало за дресот со името на капитенот Килијан Мбапе. На второто место според продажбата се нашол дресот на Мајкл Олиз, додека трет најпопуларен бил оној на Усман Дембеле. Продажбата била за 85,5 проценти поголема и во споредба со Европското првенство во 2024 година. Особено популарен бил зелениот гостински дрес „Liberté“, инспириран од Статуата на слободата, кој бил распродаден за само неколку недели.
Франција најпродавана пред Португалија и Шпанија
Дресовите за возрасни се продавале по цена од околу 110 евра, додека персонализираните модели со име на фудбалер чинеле речиси 130 евра. Детските дресови се продавале по цени од 85 до 105 евра. „Интерспорт“ за време на Мундијалот продал околу 360.000 дресови од различни репрезентации. Франција била убедливо најпродавана, пред Португалија и светскиот шампион Шпанија, иако француската селекција го заврши турнирот во полуфиналето.
